Ангела Меркел предупредува: Политичарите треба да обрнат поголемо внимание на климатските промени

од Берта Китинска

Германската канцеларка Ангела Меркел вети дека ќе стори повеќе против негативните ефекти од климатските промени при посетата на поплавената област во провинцијата Рајнска област-Пфалц.

„Збирот на сите настани на кои сме сведоци и силата со која се случуваат, сугерираат дека тоа има врска со климатските промени“, им рече Меркел на граѓаните од погодените области при денешната посета.

„Мораме да брзаме, мора да бидеме побрзи во борбата против климатските промени.Ние ќе се спротивставиме на оваа моќ на природата – на краток рок, но исто така и на среден и на долг рок.Потребни се политики што ги земаат предвид природата и климата повеќе отколку што правевме претходните години“, рече Меркел.

Во неделата канцеларката Меркел ја посети областа погодена од смртоносните поплави, во кои загинаа над 150 лица.

Околу пладне, таа го посети селото Шулд со премиерот на Рајнска област-Пфалц, Малу Дрејер.

Во областа Ахрвејлер, во која припаѓа Шулд, досега се загинати 110 лица, а 670 повредени.

Слични содржини