Ангелов: Апасиев чита и пренесува селективно, притоа не водејки грижа за штетата која ја прави на народот

од Vladimir Zorba

Стојанче Ангелов, поранешниот национален координатор за воени и полициски ветерани и в.д. директор на Центарот за управување со кризи, на својот Фејсбук профил го повика лидерот на Левица, Димитар Апасиев, да го објасни своето тврдење дека премиерот Заев прифатил дека македонскиот јазик потекнува од западно-бугарски дијалект и што подразбира под тоа.

– Вам професоре најверојатно повеќе ви одговара да читате селективно и уште полошо, да пренесувате селективно, притоа не водејки грижа за штетата која, намерно или ненамерно, ја правите на народот и државата и сето тоа за некоја стотка или илјадарка лајкови повеќе. Сериозна државна и меѓународна политика не се води на тој начин професоре. Со намерно или ненамерно ширење дезинформации, со предизвикување хистерија, со користење на улични изрази, вели Ангелов.

ПРОФЕСОРЕ АПАСИЕВ!
Претпоставувам дека состојбата со Ковид 19 е вистинската причина поради која не го испивме…

Posted by Стојанче Ангелов on Sunday, November 29, 2020

Слични содржини