Ангелов и Максути вршат извидување над подрачјата зафатени со пожари

од Nikola Popovski

Откако утрово Владата, поради пожарите кои ја зафатија РС Македонија, прогласи кризна состојба на територијата на државата во траење од 30 дена, за денес во 13.00 часот закажав седница на Главниот штаб за управување со кризи. На седницата треба да донесеме Акциски план за справување со зголемениот број на пожари, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, веднаш потоа пред седиштето на ЦУК ќе одржат прес конференција.

-Во моментов заедно со директорите на БЈБ Сашо Тасевски и на ДЗС Беким Максути како и армискиот генерал Орце Јордев со полициски хеликоптер вршиме извидување над подрачјата зафатени со поголеми пожари заради непосредно запознавање со состојбата, подобра координација и носење одлуки во однос на приоритет за употреба на 5-те хеликоптери, соопшти Ангелов.

Слични содржини