Ангелов: Имаме одредени барања за повторно да одиме во коалиција со СДСМ

од Viktor Jovanov

Моментално сме во активна коалиција, имаме одредени барања за кои треба да се разговара, мислам дека ќе дојдеме до договор и повторно да одиме во коалиција со СДСМ на изборите, изјави претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов.

-Најважното за нас е грижа за бранителите, направивме напредок но не сме задоволни бидејќи се судираме со многу проблеми во реализацијата. Добрите намери постојат кај премиерот и сигурен сум дека ќе дојдеме до договор и ќе бидат прифатени нашите услови, вели Ангелов.

Во однос на изборите, Ангелов смета дека треба да се промени изборниот модел и да биде една изборна единица бидејќи, како што вели тој, се губат голем број гласови на граѓаните.

-Ние како Достоинство освоивме 26 илјади гласови, но немаме ниту еден пратеник, со 6 изборни единици се губат гласовите на граѓаните, вели Ангелов.

Претседателот на Достоинство ја повика активистката Мирјана Најчевска која моментално се обидува да формира партија наречена „Твоја партија“ доколку не успее во намерата, да стане член од Достоинство.

-Имаме слични ставови и мислења, ве повикувам да дојдете во нашата партија доколку не успеете да формирате своја. Имате потпретседателско место во Достоинство, и рече Ангелов на Најчевска.

Слични содржини