Ангелов: Кој и да беше на власт ќе се судреше со Бугарија за истиот проблем

од Andreja Salpe

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во денешното гостување во емисијата Само Вистина на Канал5 телевизија, истакна дека преговорите со Р. Бугарија треба да продолжат, но не по секоја цена.

– Јас сум оптимист, сметам дека преговорите треба да продолжат со Р. Бугарија, но не по цена на идентитетот и јазикот. Значи како што беше денес кристално јасен премиерот не смеат да бидат доведени во прашање, вели Ангелов

Во однос на тоа што ќе се случи доколку не добиеме зелено светло на претстојниот самит во јуни во Брисел, Ангелов вели дека тоа би било добар повод за опозицијата да ги засили своите активности.

– Доколку не добиеме датум на претстојниот самит, тоа ќе биде добар повод за опозицијата да ги засили своите активности, нешто што и е нормално. Работа на опозицијата е да се бори за доаѓање на власт. Ние знаеме дека кој и да беше на власт ние ќе се судревме за овој проблем со Бугарија, но опозицијата ќе го користи во политичката битка со власта, така што тоа дополнително ќе ја вжешти атмосферата во следниот период, истакна Ангелов

Слични содржини