Ангелов: Ние имаме доволно сили за да се справиме со еден до два шумски пожари на ден

од Nikola Popovski

Обвинувањата дека НАТО не ни помогнал во пожарите не се издржани, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека е многу благодарен до сите служби што ниту едно лице не загинало во пожарите во август.

-Телото на жената од Старо Нагоричане се уште не е пронајдено. но најверојатно не е настрадано во пожарот. Се верува дека е исчезната и МВР се уште работи на случајот, изјави Ангелов.

Според него, Австријците сами не го изгасиле пожарот во Малешевијата, иако им искажа голема благодарност за помошта.

-Ние имаме доволно сили за нормални услуги, но и тука кубуриме со луѓе. Под нормални мислам на еден до два сериозни шумски пожари во денот, информира Ангелов.

За бројот на пожарите во критичниот август, директорот на ЦУК соопшти дека вкупно регистрирале 116, од кои дневно имало и по 20.

Слични содржини