Ангелов: Ние немаме време за филозофирање, секој ден гаснеме пожари

од Берта Китинска

„Oпасното ширење на пожарот над Будинарци е сопрено со контролирано предизвикан контра – пожар. Вчера имаше четиринаесет  пожари, во овој момент има само четири. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири пожари денес ќе биде целосно изгаснет.Ние немаме време за филозофирање, бидејќи секој ден гаснеме пожари“, вели Ангелов.

Во врска со определени изјави во јавноста дека товарот со пожарите е на локалното население, Ангелов рече дека пожарите ги гаси државата и дека ЦУК е благодарен за големата помош на населението.

„Без силите на државата пожарите не е можно да се изгасат. И без помошта од странските сили, на кои сме им многу благодарни. Австријците не дојдоа како туристи, Бугарите не одеа на пиикник во Дојран па застанале тука. И српските хеликоптери и романските авиони дојдоа да помогнат на барање на Главниот штаб, значи на повик на државата“, рече директорот на ЦУК.

Слични содржини