Ангелов: Пожарот во Кочани се случил поради спојување на жици од бандери

од Nikola Popovski

Денес се состана групата за проценка за да дискутира за состојбата со пожарите. Беше одлучено дека нема потеба од прогласување на кризна состојба на дел од територијата на земјава, но сепак будно ја следиме ситуацијата, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, оваа одлука се должи поради тоа што претседателот Пендаровски даде наредба за употреба на копнени сили на Армијата, а исто така каналите за добивање меѓународна помош се отворени.

„Вчера се појавија дезинформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен. Тоа е ноторна лага. Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти“, објасни Ангелов.

Слични содржини