Ангелов: Продолжија со пукање да ме дотепаат, но пак останав жив

од Берта Китинска

Ме утепаа, но останав жив. Продолжија со пукање да ме дотепаат, но пак останав жив. На денешен ден во 2001-та во битката за Арачиново, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов сеќавајќи се на битката за Арачиново.

-Со прострелна рана во градите, со разнесен бел дроб, речиси без крв но сепак жив. Сакајте го животот и здравјето секогаш. Еден ден ќе ги снема. Можеби тогаш кога најмалку очекувате, напиша Ангелов.

Од 21 до 25 јуни 2001 година траеше битката во селото Арачиново. Oвој вооружен судир меѓу македонските безбедносни сили на АРМ и МВР и албанските терористи на ОНА во селото е еден од најконтроверзните настани од конфликтот во Македонија во 2001 година. Тогаш претставниците на НАТО Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Питер Фејт успеаја да се договорат со тогашниот претседател Борис Трајковски за извлекувањето на албанските терористи и странски воени обучувачи. Тогаш почнаа и преговорите за мирна разрешница на конфликтот, што заврши во август со Рамковскиот договор.

Слични содржини