Ангелов: Рано е за импресии, немаме искуство со гасење на пожари со ваков авион

од Берта Китинска

Во моментов активни се седум пожари во земјава. Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека од утринава до 16 часот екипите успеале да изгаснат дел од пожарите, но на неколку места низ Македонија повторно дошло до акивирање на  пожарите, еве каде се уште се активни.

Тој информираше дека  авионот „Спартан“ кој испушта кеси со вода од шест тона, до сега интервенирал на два пати во пехчевскиот регион.

„Авионот делуваше веќе два пати, останува да направи уште еден налет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери. За рационализација на времето, за намалување на потребното време за гаснење од хеликоптерите, на лице место, односно на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин, каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје, со што значително го скративме времето, и воедно на истото место полнат вода, односно во близина полнат вода од базен, за да не се губи време да се оди до вештачките акумулации коишто се малку подалеку. Ова е прво наше искуство со ваков авион, никојпат досега во Македонија не е гаснато со ваков авион, па сè уште е рано да ги кажеме нашите импресии. Се работи за авион Ц-27Ј Спартан којшто носи 6 тони вода“, рече попладнево директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Слични содржини