Ангелов: Скоро 295 припадници на армијата ќе бидат ангажирани во ковид кризата

од Берта Китинска

Војниците ќе бидат распоредени во Клиничкиот центар односно таму каде што има голема френкфенција на граѓани. 295 припадници на армијата и 150 полицајци се планира да бидат ангажирани во ковид кризата во земјава, рече на денешната прес конференција в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Вкупниот број нема веднаш да се најдат распоредени низ државата, туку, бројката е еластична и ќе зависи од потребите на теренот.

Тој повтори дека Армијата ќе биде невооружана и исклучиво ќе биде придружба на полицијата за оддржување на редот пред болниците и ковид центрите.

 

Слични содржини