Ангелов: Сваровски судството го прогласи Латас за невин, а јас платив 6.000 евра трошоци

од Vladimir Zorba

„Во 2011-та поднесов две приватни тужби за клевета против уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас. Иако бев 100% во право, сваровски судството него го прогласи за невин а мене ме задолжи да му ги платам судските трошоци“, сподели лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

„Преку извршител, лека полека му платив 190.000 ден. за првата тужба и уште 170.000 ден. за втората тужба, или вкупно 360.000 денари, односно, околу 6.000 евра.

Додека пред судот давав изјава, судиката ме праша „Вие сте претседател на партија?“ а подоцна ме допраша “И Љубе Бошковски ли има партија? Како и да е, најважно од се’ е да сме живи и здрави“, додава Генералот.

Слични содржини