Ангелов: ВМРО-ДПМНЕ асистираше и остави да помине Преспанскиот договор во парламентот

од Nikola Popovski

„ВМРО-ДПМНЕ објави дека никогаш нема да ги прекинат преговорите со Грција, до ден денес тврдеа дека ќе направат подобар договор за името, а најдобриот договор со Грција повторно значи промена на името“, изјави Стојанче Ангелов за емисијата „Само вистина“.

„Тие можеа да поднесат 1000 амандмани за Преспанскиот договор и тој ќе се заглавеше, но тие асистираа и оставија тој да помине. Исто така е битно дека тие не организираа протести, од шега можеа да соберат 50 000 луѓе. Едно треба да е јасно, доколку  ВМРО победи на изборите тие нема да го поништат Преспанскиот договор“, вели Ангелов.

Слични содржини