Ангелов: Во Дрисла нема внесено ниту грам опасен отпад, не се плашам од ревизија

од Viktor Jovanov

Директорот на Дрисла, Горан Ангелов, во вечерашната дебата на ТВ24 изјави дека во периодот додека бил прв човек не било увезено ниту еден грам опасен отпад во депонијата.

„Јас не сум странски партнер, за мене лично управниот спор траеше седум години, предолго и тоа е условно најголем проблем. Тврдам со мојата глава и чест дека “Дрисла” нема увезено ниту еден килограм опасен отпад”, вели Ангелов.

Според него Дрисла е зрела депонија и она што од договорот не го исполниле италијанските партнери треба да го продолжи градот Скопје. Ангелов додава дека не се плаши од ревизија на работата на досегашното управување, но вели дека има работи кои и покрај договорот не ги направиле.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, информираше дека Ангелов од утре веќе ќе биде сменет од позицијата директор на Дрисла

Слични содржини