Ангеловска: Да се биде жена со амбиција за успех значи да се биде постојано подготвена за борба со предрасудите

од Берта Китинска

Да се биде жена со амбиција за успех значи да се биде постојано подготвена за борба со предрасудите, за докажување на компетенциите, за покажување што знаеш и умееш, за резултати, за компромис, за балансирање, за грижа… Да се биде жена во денешниот дигитален свет е предност, а не аномалија. Полесно е да се надминат ниските очекувања, отколку високите, пишува во својот Фејсбук статус поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска.

-Секогаш ќе постојат предизвици и ништо добро не доаѓа лесно, но тие не прават посилни, попаметни, адаптибилни и поподготвени за сите идни предизвици.  За да го направиме светот подобро и попаметно пoст-COVID место, потребно е жените да го дадат својот придонес – потребни ни се повеќе жени во технологија, жени претприемачи, жени на високи позиции.. повеќе жени кои ќе ги трансформираат и менуваат работите, пишува Ангеловска.

Слични содржини