Ангеловска: Граѓаните се уште немаат навика за плаќање со картичка, една од причините е довербата

од Nikola Popovski
51 прегледи

Нина Ангеловска од Асоцијацијата за е-трговија во Македонија информира дека граѓаните преку Интернет најмногу купуваат облека, исто како и во европските поразвиени земји, потоа и електроника, производи за домаќинства…Според неа, имаме разлика со европскиот купувач и како пример посочи дека Албанија купува повеќе од европскиот купувач, а Црногорците многу нарачуваат храна од ресторани, за разлика од Европјаните, а Македонците и Албанците помалку.

Пред почетокот на седмата регионална конференција за е-трговија под мотото „E-commerce: Untangling Potential“, Ангеловска посочи дека преференците на македонскиот и балканскиот купувач се да плаќа во готовина.

-Регионот во споредба со Европа има најниско ниво на иматели на сметки, платежни картички и најмалку користење на тие картички. Кешот е се уште доминантен платежен метод и тоа е една од заплетканите работи кои денеска ќе ги дискутираме. Другите платежни методи се веќе норма во развиените земји и не се ни нуди како опција плаќање со кеш, кажа екс-министерката за финансии.

Ангеловска додаде дека постојат бројни бариери зошто податоците се такви, а една од причините е довербата.

-Довербата и дали ќе им стигне производот на граѓаните. Друга бариера е недостатокот на дигитални вештини, затоа гледаме дека малку се користат картички и се уште немаме навики за плаќање со картичка пред готовина, особено кога се работи за онлајн купување, истакна таа.

Слични содржини