Почетна / Бизнис / Ангеловска: Каматните стапки кај задолжувањето се на историско најниско ниво

Ангеловска: Каматните стапки кај задолжувањето се на историско најниско ниво

Мораме да спроведуваме Бруто домашен производ. Од 2009, кога јавниот долг бил 1,5 милијарди евра, до 2016 година пораснал на 4 милијарда евра, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во дебатата на МРТ.

„Имаме исти интерес сите, државата најдобро да ги троши парите на граѓаните. Критикувате 150 милиони евра задолжување, а имало над 400 милиони евра. Секогаш на крајот на денот викаме, споредено со што. Каматните стапки се на историско најниско ниво“, истакна Ангеловска.

Таа истакна дека во моментов сивата економија е 38% и затоа се преземаат големи мерки за таа да се намалува.

„Дефицитот не е опасен ако стимулира економски раст. Сега, со строга фисканла консолидација и посветеност се намалува постепено. Консолидација не е само намалување на дефицитот, туку со што и како ги трошиме парите. Јавниот долг се стабилизира, но не можете да го стабилизирате за една година, а да има капитални проекти. Скратени се мебел и возила од капитални расходи, и тие спаѓаат таму“, рече министерката за финансии.

Во врска со загадувањето, премиерот Зоран Заев рече дека во буџетот за 2020 година се одвоени неколку пати повеќе финансии отколку претходно за справување со истото.

„Не само министерството, туку и владата и ЕСМ одвојуваат за борба со аерозагадувањето. Само 40 милиони издвоивме од ЕСМ за инвертори. Сите филтри што ги купуваме за школите и градинките, во Струмица, Битола, во затворот Скопје се менува затоплувањето од нафта на гас. Следна е и Крива Паланка, бидејќи и таму има. Верувам дека може да ни помогнат и богатите луѓе, може да се греат на друго, не мора на дрва или нафта, но без да бараат субвенции“, истакна Заев.

Министерката за финансии истакна дека се мобилизирале со МВР за да се реагира навремено палењето, бидејќи тоа дополнително загадува. Потсети дека има и субвенции за вградување на уред за ТНГ во автомобилите.

 

loading...