Ангеловска: Поголем поврат на ДДВ ќе добиете ако купувате домашно

од Берта Китинска

На вчерашната седница Владата донесе Уредба со која повратот на ДДВ за домашни производи ќе изнесува 20%, додека на останати 10% до крајот годината, информираше на својот Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа вели дека со поттикнувањето на потрошувачката на домашните производи и услуги ќе им се помагнеме  на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиите…на нашите пријатели, соседи, познаници, но и сограѓани кои не ги познаваме, на кои сега навистина им е потребна нашата поддршка.

-И малите работи и одлуки кои секој од нас може да преземе може да значат многу. Така на пример со одбирање на домашен наместо странски производ даваме поддршка на домашната економија. Нашите компании знаат, умееат и креираат квалитетни производи и услуги. Поддршката на домашните компании е од големо значење, особено сега кога сите земји даваат поддршка на националното производство и услуги.Речиси 300.000 граѓани ја користат МојДДВ кои додека остваруваат право на поврат на ДДВ даваат придонес во борбата против сивата економија. Со измените кои ги донесовме, со кои даваме поголем поврат за купување домашни производи, тие, а се надеваме и повеќе, ќе се приклучат во поддршката на домашната економија, на домашните фирми, на зачувувување на работните места на нашите сограѓани .Да купуваме домашни производи, да ја помогнеме македонската економија, напиша Ангеловска.

Слични содржини