Актуелно
Почетна / Бизнис / Ангеловска: Повратот на ДДВ за компаниите продолжува со добра динамика во 2020-та

Ангеловска: Повратот на ДДВ за компаниите продолжува со добра динамика во 2020-та

Во првите 16 дена од јануари оваа година е извршен поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 926 милиони денари или 15 милиони евра. Во месец декември 2019 година беше извршен поврат од 1.95 милијарди денари, што е за 16% повеќе во однос на 2018 година кога повратот изнесуваше 1.69 милијарди денари, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

Во 2019 година,пак беше извршен поврат на ДДВ од 401,9 милиони евра.

Растот во 2019 споредено со претходните години е: 7,5% повеќе во однос на 2018 година; 28,2% повеќе во однос на 2017 година; 44,2% повеќе во однос на 2016 година; 42,5% повеќе во однос на 2015 година, вели Ангеловска

Повратот е од исклучително значење за фирмите, бидејќи на овој начин се одржува ликвидноста, потребна за тековно работење, но и планирање на инвестициската дејност, додава Министерката.

loading...