Ангеловска: Протоколите за угостителските објекти ќе претрпат измени

од Nikola Popovski

Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска на новинарско прашање изјавила дека е нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки.

Ангеловска по брифингот со новинарите изјави дека угостителите биле вклучени во носењето на протколите, но сепак, мислењето на епидемиолозите е клучно.

„Мора да ги слушаме епидемиолозите зашто здравјето е најбитно. Протоколите е нормално да претпруваат измени, но многу е важно сите да бидеме дисциплинирани и да се заштитме сами, без некој да не критикува или опоменува. Ќе бидеме флексибилни, но кои би биле дополнителните измени на пртоколите ќе зависи и од граѓаните и од угостителите“, рече Ангеловска.

Слични содржини