Ангеловски: Денешниот натпревар е финале за нас и Украина

од Берта Китинска

Подготвени сме за натпреварот со Украина имавме доволно време да ја анализираме нивната игра. Нормално и нашата игра со Австрија да видиме каде згрешивме и тоа да го поправиме. Очекувам да бидеме на максимално ниво на денешниот натпревар, вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски – Мрме, во своето гостување во Студио 10.

Во однос на тоа дали ќе има промени во играчкиот состав на натпреварот против Украина , рече дека тоа не би го откривал и дека можно е да има една до две промени во почетниот состав затоа што има фудбалери кои располагаат со квалитет.

-Знаеме со каков противник имаме натпревар. Видовме како Холандија ја мачеше до 88 минута од натпреварот. Ова е едно финале за нас и Украина бидејќи победникот од овој натпревар има шанси да се пласира во осмина-финалето, кажа Ангеловски.

Слични содржини