Ангелскиот градник од милиони: Елса Хоск ќе го носи Fantasy Bra

од Vladimir Zorba

Веќе е официјално – Елса Хоск е избраниот ангел кој ќе го носи градникот од милиони наречен Fantasy bra.

Тоа ќе биде врвот на програмата за време на годишното шоу, кое ќе се одржи во Њујорк на 8 ноември 2018 година.

Ексклузивниот дизајнерски градник е именуван како ” Dream Angels” и е изработен со повеќе од 2.000 кристали Swarovski.

Ова е една од најпознатите култни традиции на брендот кој датира од 1996 година. Секоја година се избира врвен модел кој има чест да го носат градникот од соништата.

Се разбира, ова е најзначајната точка во ревијата, а овогодишниот модел се проценува на над 1 милион долари.

Елза Хоск е 22-миот по ред ангел, кој ќе го носи градникот, чекорејќи по стапките на Лаис Рибеиро, Јасмин Тукс, Адријана Лима и Алесандра Амброзио.

Слични содржини