Англија израмни рекорд стар повеќе од 50 години

од Vladimir Zorba

АНГЛИСКАТА репрезентација убедливо ја совлада Андора во 5 -то коло од групата И од квалификациите за СП, чиј домаќин ќе биде Катар следната година. Мечот заврши со 4-0 со двата гола на Џеси Лингард, додека Хари Кејн од пенал и Букајо Сака додадоа по еден.

Англија забележа пет победи на сите пет квалификациски натпревари и е водечки тим во својата група со гол разлика 17:1.

Со вчерашниот натпревар, Англија одигра натпреваро без примен гол по 11 -ти пат оваа година, во својот 14 -ти натпревар во 2021 година. Станува збор за изедначување на рекорд кој датира од 1966 година.

Слични содржини