Англија ја обвини Унгарија за расизам: Многу сме разочарани

од Nikola Popovski

Англиските играчи беа цел на расистички навреди од дел на унгарските навивачи на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Будимпешта, објавија британските медиуми.

Новинарите на ИТВ и Скај Спортс од терен објавија за расистички навреди упатени кон Рахим Стерлинг и резервистот Џад Белингем.

Англиските фудбалери клекнаа пред натпреварот за поддршка на „Black Lives Matter“, кога добија громогласни свирежи на „Пушкаш арена“.

Кога Стерлинг го прослави првиот гол и славеше пред противничките навивачи, бројни пластични чаши полетаа на теренот.

Англискиот тренер Герет Саутгејт по натпреварот рече дека не слушал расистички извици, но ја повтори позицијата на тимот за тоа.

„Ако тоа е вистина, тогаш е неприфатливо. Не бевме свесни за тоа и не знам дали играчите слушнаа на теренот, но секој знае што мислиме за тоа. Разговараме веќе две или три години “, рече Саутгејт, додавајќи:

„Се надевам дека можеме да помогнеме да се запре расизмот, не само во фудбалот, туку воопшто“, рече Саутгејт.

Унгарија веќе е казнета од УЕФА за хомофобија и расизам на натпреварите на ЕВРО 2020. Следните два натпревари под покровителство на УЕФА ќе треба да се одиграат пред празни трибини. Овие квалификации се под јурисдикција на ФИФА.

„Многу сме разочарани од приказните за расизам кон нашите играчи. Ќе побараме истрага “, објави портпаролот на Англиската фудбалска асоцијација на Твитер.

Слични содржини