Англиски стручњак: Италијанците може да му забранат на Ериксен да игра, ова може да биде крај на неговата кариера

од Stefanija Kuzmanovska

Кристијан Ериксен (29) колабираше на теренот на натпреварот помеѓу Данска и Финска со 0-1, а англискиот стручњак др. Скот Мареј за „Дејли Меил“ изјави дека неговата кариера може да заврши. И иако не би било толку чудно затоа што Ериксен би можел сам да донесе таква одлука по ваков настан, Мареј тврди дека тој можеби нема ниту избор затоа што Италијанците може да му забранат да игра за Интер!

– Ова е веројатно крајот на неговата кариера. Италијанците забрануваат луѓе да спортуваат доколку се утврди дека имаат значителни срцеви проблеми или деформитети. Тоа е нивниот закон. Тие го прават тоа повеќе од 20 години и го намалија процентот на смртни случаи од срцева слабост во спортот од три на под еден процент, рече Мареј.

Ериксен се сруши на теренот на крајот на првото полувреме. Прво му помогна неговиот соиграч Симон Кјаер, а потоа пристигна медицинска екипа да го оживее и да го извади од теренот. Дотогаш тој веќе се освести. Мечот конечно продолжи, а во пресрет на продолжението, Ериксен разговараше со своите соиграчи преку видео повик.

– Ериксен доаѓа од италијански клуб, па сигурно имал тестови на срцето. Италијанците се најдобри во откривање на проблеми со срцето во професионалниот спорт, тие се најдобри во предвидувањата на вакви настани и сепак повторно тоа му се случи. Ова значи дека со сите пребарувања, вакви работи сè уште можат да се случат – тврди Мареј.

– Сега ќе мора да оди на разни тестови, од ЕКГ прегледи до магнетна резонанца и ќе треба да се следи секое чукање на срцето. Мислам дека овој негов случај може да има големо влијание врз општеството затоа што покажува дека нечиј живот може да се спаси со навремена реакција – заклучи Мареј за „Дејли Меил“.

Слични содржини