Англиските играчи се договорија што ќе сторат ако станат европски шампиони

од Stefanija Kuzmanovska

Англискиот играч за врска Фил Фоден, кој ја обои косата во пресрет на Евро, рече дека и неговите соиграчи се согласиле да имаат руса фризура доколку го освојат Европското првенство.

„Им реков дека ако го освоиме Еврото, сите ќе ја обоиме косата. Сите се согласија, што значи дека сите ќе имаме руса фризура по Европското. Мислам дека тоа го сторија романските играчи“, изјави Фил Фоден, играчот за врска на Манчестер Сити кој беше првотимец на Англија на првите два меча против Хрватска и Шкотска.

Ова навистина го сторија романски фудбалери на Светското првенство во 1994 година, кога се скараа со своите новинари. После тоа, предводени од Георге Хаџи, тие ја победија Аргентина во осминафиналето и загубија од Шведска во четвртфиналето по изведувањето на пенали. Пласманот во четвртфиналето е сепак најголем успех на фудбалската репрезентација на Романија на Светските првенства.

Слични содржини