Анѓушев: Новиот буџет ќе биде насочен кон човечкиот капитал

од Viktor Jovanov

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната дебата на Телма изјави дека буџетот за идната година утре ќе се најде на владина седница и ќе изнесува околу 3,9 милијарди евра односно еден од наголемите до сега.

Анѓушев информираше дека буџетот главно ќе биде насочен кон човечкиот капитал.

-Буџетот е под 4 милијарди евра и е насочен кон човечкиот капитал. Како влада мора да ги решаваме тековните проблеми. Кај стопанството тековен проблем е човечкиот кадар. Направивме програма со која и помогнавме на економијата, ги вклучивме домашните компании. Помогнати се над 170 компании само во одделот на финансиска поддршка. Само оваа година 120 компании потпишаа договор со кои ќе инвестираат над 230 милиони евра. До сега компаниите имаат вработено над 1800 луѓе до крајот на идната година треба да вработат над 4000 илјади граѓани, вели Анѓушев.

Вицепремиерот истакна дека со оваа економска политика на актуелната власт, целта е луѓето да останат во државата, а еден од најважните критериуми за тоа е работата и висината на платите, па затоа, како што вели, е подигнат и растот на платите

Слични содржини