Анѓушев по повод иницијативата на Антикорупциска: Имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување

од Hristina Nikolovska

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се огласи по повод иницијативата на Антикорупциска до претседателот на Владата со барање да се поведе постапка против него во врска со одлуката на Владата  да се намали укинувањето на царината за увоз на електрични литиум-јонски акумулатори.

-Категорично изјавувам дека во извршувањето на функцијата заменик претседател на Владата задолжен за координација на економските ресори во целост се придржвуам кон почитување на законските прописи. Соодветно на тоа и во комункацијата со сите останати институции во државата се водам од интересите на државата и  граѓаните согласно законските прописи. – рече Анѓушев.

Постапувајки по предметите иницирани пред ДКСК Анѓушев вели дека ги доставивиле сите побарани податоци и документи со цел да се овозможи да се утврди, како што вели, материјалната вистина.

-Во конкретниот случај за  намалување на царинските  стапки за литиум- јонски батерии за акумулатори уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување. – појаснува вицепремиерот кој вели дека не ги знае причините поради која антикорупциската комисија ја донела одлуката појаснувајќи дека откако ќе ја добије на писмено ќе може да даде коментар за истата.

Анѓушев вели дека е убеден сум во законитоста и исправноста на своето работење и вели ќе ги преземе сите неопходни дејствија пред надлежните органи за да се докаже вистината.

Владата на РСМ во полн капацитет одлучува по сите прашања што се поставуваат на владина седница и секаде каде што е можно да дојде до конфликт на интереси уредно сум се пријавил и сум поднел изјава согласно законот. – вели Анѓушев.

Антикорупциската комисија денеска одлучи да поднесе иницијатива

Комисијата констатираше  дека Анѓушев  се наоѓал во судир на интереси бидејќи учествувал во расправа во која имал приватен интерес и не се изземал.  Според Комисијата, законот е јасен – одговорното лице треба да пријави кога постои судир на интереси и да се изземе. Клучното прашање е дали имал интерес од одлуката за намалување на царината.

Слични содржини