Анѓушев: Треба да ја подигнеме свеста на стопанствениците, државата помага со 1 милијарда денари

од Viktor Jovanov

Суштиснкото прашање е како компаниите да ја зголемат продуктивноста. Не можете да развивате економија со депресирани лични доходи. Тие доаѓаат од малите маргини на работата на нашите компании, овие работи се поврзани. Тоа значи дека треба малку да ја подигнеме свеста на стопанствениците во нашата држава. Тие треба да сфатат дека нивните компании ќе имаат иднина само ако се конкурентни на пазарот. Пазарот ќе станува поотворен, мора да одите со производи со поголема додадена вредност. Единствен начин да се зголеми продуктивноста е да имате пристап и да купите нови технологии, да имате луѓе обучени да работат со тие економии и трето менаџментот да е оспособен да ја организира целата таа работа, вели вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

-На компаниите колку можеме им овозможуваме да купат опрема. Второ, над 1 милијарда денари се доделени преку министерството за труд и социјална политика за преквалификација на луѓето, за квалтитетот, компаниите сами треба да го едуцираат менаџментот, вели Анѓушев.

Тој додава дека стопанството, оваа влада не го оставила само да се бори против покачување на платите. Анѓушев потсети дека државата со покачувањето на платите донесе закон да се помогнат компаниите со субвенции за здравствено и пензиско осигурување, како што вели, во другите држави тоа го нема.

Слични содржини