„Анима Мунди“ отвори Центар за хуманост и борба против насилството врз животните

од desk3

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ го отвори првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животните во Република Македонија.

a-m1
Центарот се наоѓа во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, на први кат и е овозможен благодарение на програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

Од таму велат дека во услови кога насилството врз животните е сеприсутно во нашето општество, преку Центарот ќе се направи обид да се влијае на јавната свест и да се промовира хуманост, но и да се обезбедат конкретни услуги за превенција/евиденција /санкција на насилството врз животните.

„Анима Мунди“ информира дека Центарот ќе промовира хуманост, правда и права на животните; ќе обезбеди услови за комуникација, координација и мобилизација на граѓани, волонтери и активисти; ќе врши превенција и евиденција на случаи на насилство врз животните; ќе посредува правно во сите случаи на насилство врз животните со цел сторителите да бидат најстрого санкциониран и ќе соработува со институциите и ќе дејствува во насока да се обезбеди силна законска рама која ќе ги штити животните во Република Македонија.

Слични содржини