Почетна / IN/OUT / Анима мунди: По смртта на лавицата, бојкот на зоолошките

Анима мунди: По смртта на лавицата, бојкот на зоолошките

Откако ѕвоневме повеќе пати на телефонскиот број на Зоолошка градина на кој никој не се јавуваше, конечно, нерасположено и со прашање дали сме ние ЦИА или полиција за да бараме вакви податоци, од Дане Кузмановски ( одговорен за давање информации од Золошката градина) ни е потврдено дека е почината лавица во Зоолошката градина.

zv03-860x550

Откако несреќното животно почина, смртта се крие, а ако се точни сите информации кои ги имаме, смртта се крие можеби и повеќе од месец дена!
Прашуваме зошто Зоолошката градина не ја информираше јавноста за оваа загуба, што се премолчува ? Зоолошката не е приватно претпријатие туку ќумез за животните кој е , за жал, платен од буџетот, парите на граѓаните и секако должност на Зоолошката е давање отчет. Тие животни не се нивна играчка и не се заменливи!

Потсетуваме дека е ова едно во низата животни кои се мртви во исклучително сомнителни околности , а желбата да се премолчи овој случај (како сите минати случаи) дава за право да веруваме дека со животните се постапува нехумано, несоодветно, дека исклучително многу страдаат.

Ги повикуваме Зоо скопје веднаш да се произнесат за смртта на лавот и своите ставови ги поткрепат со докази. Ги повикуваме институциите на темелна истрага и затворање на ЗОО Скопје , а граѓаните на БОЈКОТ на овој и секој друг затвор за животни, кои трпат самотија, депресија, умираат од тага, страв и негрижа . Потенцираме, со секоја купена влезница вие поддржувате страдање, објективизација на живи битија, нивно искористување и профит , поддржувате интереси на некој друг додека животните се ставени во неприродни средини, обезвреднета е нивната природа и нивните потреби, оставени се да се мачат и умираат. Бојкот на зоолошките, тие се олицетворение на срамот, суровоста, алчноста и бедата на нашето општество!

Интегрален текст на Анима мунди

loading...