„Анима Мунди“: Повторно убиени кучиња во Струга со огнено оружје

од Nikola Popovski

После вчерашното усмртување на неколку улични кучиња и домашни миленици, здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ информира дека повторно дошло до убивање во Струга со огнено оружје. Од таму појаснуваат дека „стружани се разбудиле со истрели и повторно со жртви од страна на двајца монструми“.

-За нешто помалку од 24 часа се убиени повеќе од дваесетина бездомни кучиња и се повеќе е очигледно дека убијците немаат намера да сопрат а Министерството за внатрешни работи очигледно е незаинтересирано и неспособно да се справи со каубојците во Струга. Ова човеколико суштество што со оружје во раце го гледа во очи кучето чиј живот ке биде одземен за неколку минути мора да одговара за убиство!, порачаа меѓу другото од здружението.

„Анима Мунди“ вчера објави видео со вознемирувачка содржина од масовно убиство на кучиња во Струга. По тој грозоморен настан, МВР денеска информира дека за сторител се сомничи 62-годишен жител на струшкото село Ливада, при што со него е извршен информативен разговор во полициска станица.

Со пушка вчера беа усмртени повеќе од 10 кучиња.

Слични содржини