Информираме за низа страотни случаи на убиства на животните кои се игнорираат, а казни нема. Вчера е расфрлан отров во училишниот двор во оу „Владо Тасевски“ за време на работна смена на учениците, при што е убиено кутре кое било миленик на децата – кутрето умирало во најтешки маки, а на децата не им било дозволено да излезат надвор од страв да не се затрујат. Отровот кој бил расфрлан бил со толку силно дејство што и со вдишување бил смртоносен. За целата случка не информираа преплашени родители, од кои мајка стои на располагање да посведочи но анонимно, како би го заштитила идентитетот на своето дете . На истата локација бил расфрлан отров и минатата недела , при што се убиени повеќе животни, од кои и Бентли, кучето миленик на Ана Г

 

Ќе се превземе ли нешто за да се фати овој сторител, како и сите други кои убиваат животни? Ќе се стави крај на ова монструозно дивеење по улиците, парковите, тревниците преку конечно изрекување на казна затвор за лице кое злоупотребува отровни материии, врши кривично дело мачење на животни, предизвикува општа опасност?
За овој секојдневен национален проблем викендов во Охрид протестираше здружението за заштита на животни Анималија, но реакции од општината нема https://www.facebook.com/media/set/?set=a.458128554397823.1073741901.124081697802512&type=3

Бараме најстроги затворски казни и итно ограничување- контрола на слободната продажба на високо токсични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и со чија примена се изложува силно се загрозува и безбедноста на секој еден во Република Македонија.

Слични содржини