Анистон се огласи по критиките на нејзината изјава дека ги исфрлила од живот невакцинираните луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Џенифер Анистон неодамна предизвика бурни реакции велејќи дека ги исфрлила од животот луѓето кои не примиле вакцина против коронавирусот или не сакаат да кажат дали ја примиле.

Актерката е главна тема во медиумите околу десетина дена, бидејќи прво ја откри тајната на својот изглед, а потоа ги „разгоре“ антиваксерите, кои ги нарече себични.

По оваа изјава, која крена голема прашина, Џенифер се огласи на Инстаграм и одговори на сите што ја критикуваа.

„Овие коментари… Ме прашуваат зошто сум загрижена за невакцинираните, кога јас самата сум вакцинирана со двете дози. Ќе ви објаснам зошто. Затоа што ако имате нов вид, се уште можете да ми го пренесете“, започна таа.

„Јас можеби ќе се разболам малку, но нема да одам во болница и нема да умрам. Но, можам да го пренесам овој нов вид на некој што не е вакциниран, има болест или е во лоша здравствена состојба. Ќе го загрозам животот на таа личност. Затоа сум загрижена. Мораме да мислиме и на другите луѓе, а не само на нас“, рече актерката.

Слични содржини