Анкета: Филипче има највисока доверба од граѓаните во споредба со другите министри

од Nikola Popovski

Граѓаните сметаат дека здравствените власти немаат капацитет да ја спроведат вакцинацијата, односно 60,5 отсто од испитаниците во анкетата на Телма и МЦМС се изјасниле дека здравствените власти нема да можат навремено и и ефективно сите да ги вакцинираат. Една третина или 34,7 отсто веруваат во капацитетот на здравството, додека 4 отсто немаат став за ова прашање.

Според резултатите од анкетата, министерот за здравство Венко Филипче има највисока доверба од граѓаните во споредба со други министри во Владата, а и најдобри оценки целата Владата добила токму во справувањето со пандемијата.

Истражувањето е спроведено од М- Проспект во периодот од  16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен  примерок од 1000 испитаници, со маргина на грешка е +/3%  и на ниво на доверба од 95%.

Слични содржини