Анкета на Фокс Њуз: На национално ниво Бајден има осум поени предност пред Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Кандидатот на Демократската партија за претседателските избори во САД, Џо Бајден има осум поени предност пред американскиот претседател Доналд Трамп во последната национална анкета спроведена од „Фокс њуз“.

Според анкетата објавена 52 отсто од гласачите го поддржуваат Бајден, додека 44 отсто велат дека нивните гласови ќе му припаднат на Трамп, два отсто велат дека ќе гласаат за трет кандидат, а други два отсто велат дека не одлучиле.

Сепак, околу 41 отсто од гласачите на Бајден велат дека ќе гласаат за него само за да го симнат Трамп, не затоа што го поддржуваат демократскиот кандаидат.

Водството на поранешниот американски потпретседател во анкетата на Фокс њуз малку се намали од почетокот на октомври, кога тоа беше 10 поени пред Трамп.

Слични содржини