Анкета на ИРИ: Груевски не заслужува реизбор

од desk3

Македонските граѓани се несигурни околу подготвеноста на лидерите да го спроведат Договорот од Пржино, постојат услови за спроведување на слободни и фер избори, премиерот Никола Груевски не заслужува реизбор и нема слобода на изразување се главните заклучоци од истражуваењето спроведено од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

12248668_1181210395241794_1648245553_n

Според истражувањето, граѓаните се скептични дека партиите ќе го спроведат Договорот од Пржино, па така само 33 отсто од испитаниците одговориле дека тој ќе биде спроведен, а 24 отсто дека нема да биде целосно спроведен.

На прашањето „Дали приемиерот Никола Груевски добро си ја врши својата работа и заслужува реизбор?“, 52 отсто од граѓаните одговориле дека не заслужува, а 35 отсто дека заслужува повторно да биде премиер.

Анкетата покажува дека 42 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија е помалку стабилна од минатата година, 18 отсто дека е постабилна, а 38 отсто дека има иста стабилност како претходната година.

Шилегов предлага на стоденарките да се удира печат „Збогум Никола“

Дека политичката ситуација е напната и несигурна, сметаат 52 отсто од граѓаните, додека како мирна и стабилна ја доживуваат 29 отсто.

Поддршка за враќање на СДСМ во Собранието дале високи 67 отсто од испитаниците, а 17 отсто сметале дека опозицијата треба да остане надвор од парламентот.

Катица Јанева ќе може да ги истражи случаите поврзани со прислушувањето независно и без опструкции, сметаат 33 отсто од анкетираните, додека 28 отсто сметаат дека таа ќе има опструкции, а 22 отсто не се запознаени со ова прашање.

За 34 отсто од граѓаните има услови за фер и слободни избори, а за 29 отсто нема такви услови.

Дека не постои слобода на изразување и слобода на говор, сметаат 51 отсто од испитаниците, а 44 отсто сметаат дека постои.

Поддршка Македонија да стане членка на ЕУ даваат високи 72 отсто од испитанциите, а да стане членка на НАТО – 73 отсто.

Истражувањето било спроведено од агенцијата за истражување „Брима“ во период од 29 септември до 5 октомври 2015 година, преку интервјуа лице в лице, на примерок од 1.106 граѓани.

 

META

Слични содржини