Актуелно
Почетна / Магазин / Анкетата одлучи: Еве што кај жените најмногу ги привлекува мажите

Анкетата одлучи: Еве што кај жените најмногу ги привлекува мажите

Во анкетата на нејзината група на Фејсбук „She Said He Said“, Луен Вард побара од машките членови да ги оценат квалитетите што ги сметаат за најпривлечни кај потенцијалните партнерки.

Според резултатите од таа анкета, мажите најмногу ги привлекува искреноста и самодоверба, но и тоа кога жената знае добро да се забавува.

Искреноста беше прва со 21,3 проценти од гласовите, а потоа следеше самодовербата со 20 проценти. На третото место беше разиграноста, која однесе 18 проценти од гласовите.

Остатокот од листата се состоеше од квалитети како што се позитивен дух, благодарност, љубезност, верност и сигурност. Под нив беа амбиција, емоционална и академска интелигенција.

Дното на табелата е особено интересно – судејќи според оваа анкета, на мажите кај идните партнерки најмалку важна им е романтичната природа.

Од физичките карактеристики, очите и насмевката ги зазедоа првите две места, по што следат задникот, градите и нозете.

loading...