Анри гледа заговор против Монако

од Vlatko K

Тренерот на Монако, Тиери Анри, отворено зборуваше за тенденциозниот став кон неговиот тим. Тоа се случи на прес-конференцијата по поразот со 1:5 од Стразбур дома во Лига 1 вчера.

Според поранешниот напаѓач на Арсенал, не бил даден удар од белата точка за неговиот тим во решавачки момент од натпреварот при резултат 1:2.

– Тоа беше пенал против Рони Лопез. Во овој момент четвртиот судија ми рече: „Многу ми е жал, но системот ВАР не работи во овој момент. Кратко потоа, сепак, работеше. Би сакал да знам зошто ВАР не работи за Монако. Ова е веќе премногу. Мислам дека тоа влијаеше на исходот на мечот. Ако бевме стигневме до реми со човек помалку, тогаш веќе противникот почнува да чувствува сомнежи и исходот на натпреварот останува отворен. Се бориме против сè, рече Анри по мечот.

Слични содржини