АНТИ-ЛОКАДУН ПАРТИЈА: Германската екстремно десничарска АфД е против носење маски во градинките и училиштата

од Vladimir Zorba

Германската крајно десничарска Алтернатива за Германија (АфД) се прогласи за анти-локдаун партија за време на конференцијата одржана викендов, со цел да се добие довербата кај гласачите за време на кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат во септември, пренесе Ројтерс.

Скоро 600 членови на АфД, кои влегоа во Бундестагот за прв пат во 2017 година, се собраа во Дрезден, и покрај ограничувачките мерки против коронавирусот, да се договорат за изборната програма што вклучува одлука за напуштање на Европската унија.

Поделени на внатрешни несогласувања околу тоа како треба да изгледа Радикалната партија, нејзината популарност падна во анкетите на 11 проценти, од 13 проценти во 2017 година, кога беше трета по големина партија во парламентот и водечка опозициска партија.

За време на пандемијата, AфД беше поврзана со луѓе кои го негираат коронавирусот, заедно со противење за задолжителната вакцинација, што сегашната влада никогаш не ја предложи, а некои членови на десничарската партија учествуваа во анти-локдаун демонстрации, додаде Ројтерс

– АфД сака да покаже дека нема место за забрана, за притвор, за локдаун лудило – рече еден од двајцата водачи на АфД, Јерг Мојтен.

Делегатите на партијата ја поддржаа резолуцијата за коронавирусот под слоганот „Германија, но нормална“, која вклучува одбивање да се носат маски во градинки и училишта и се залагаат за укинување на „непропорционалните“ локдаун мерки.

Делегатите на АфД исто така го поддржаа повикот Германија да ја напушти ЕУ и „да создаде нова европска заедница за економија и интереси“.

Основана во 2013 година како антиевропска партија за време на кризата во еврозоната, партијата отиде во крајната десница и го искористи гневот на гласачите во врска со политиката на Ангела Меркел за отворање граници за мигрантите во 2015 година, повикувајќи на силна гранична контрола и забрана за минариња, според до Ројтерс.

Британската агенција додава дека откако влезе во парламентот, АфД немаше големо влијание врз политиката и дека сите водечки партии одбија да соработуваат со неа.

Слични содржини