Антикорупциска бара да се испита трошењето пари за новогодишниот концерт на Дино Мерлин

од Nikola Popovski

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе бара Обвинителството да ја истражува новогодишната прослава во Скопје на која настапи Дино Мерлин. Комисијата смета дека за организирањето на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година прекршен е Законот за јавни набавки, од страна на организаторот, Младинскиот културен центар.

Антикорупциската смета дека требало да се спроведе постапка за јавна набавка и за техничката опрема. Наместо постапка за јавна набавка, Младинскиот културен центар, распишал јавен оглас за организирање на новогодишната прослава.

Прославата на скопскиот плоштад чинела околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се платени од градскиот буџет.

Хонорарот на Дино Мерлин бил 84 илјади евра обезбеден од приватни спонзори.

Слични содржини