Антикорупциска: Да се изврши финансиска ревизија на Агенцијата за млади и спорт

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија (ДКСК) на денешната седница ги усвои препораките да се изврши финансиска ревизија на Агенцијата за млади и спорт, но и директорот на Агенцијата да овласти други државни службеници од вработените, да вршат инспекциски надзор во националните спортски федерации, бидејќи во моментов во Агенцијата работат само двајца инспектори.

Членот на ДКСК, Владимир Георгиев на седницата препорача да се побара од Државниот завод за ревизија да изврши финансиска ревизија на Агенција за млади и спорт, но и продолжена ревизија на федерациите кои добиле најголем износ на средства за користење на ваучери, како и на неколку други федерации, за кои во меѓувреме додека постапувале по предмет, добиле приговори или пријави од спортските клубови околу самото трошење на средствата, односно неправилности во користењето на ваучерите.

-Вториот предлог на ДКСК е за Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт дека со послдната измена на Законот за спорт и начинот на избор, без притоа  да бидат наведени никакви критериуми кој може да биде член на оваа Комисија, упатува на сомнеж дека е можно да се врши и политизација при одлучување, бидејќи согласно Закон, сега членови директно ги предлага Влада, а Агенција за млади и спорт ја формира Централната комисија, рече Георгиев.

Тој предложи и во претстојниот период да бидат побарани дополнителни податоци, но и соодветен инспекциски надзор внатре во работењето на самата Централна комисија на Агенција за млади и спорт.

Слични содржини