Антикорупциска ќе побара одговорност за двајцата министри кои со службено возило отидоа во партиски штаб

од Берта Китинска

Антикорупциска најави дека ќе побара одговорност за двајцата министри кои во работно време и со службено возило отидоа до партиското седиште да одржат прес конференција.

-Најнапред ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дека возилото е користено за партиски активности за време на изборниот процес и доколку се утврди дека е така ќе испратиме до владат индијатива  за поведување на одговрност, вели  преседателкатана ДКСК,Билјана Ивановска.

Од Антикорупциска денеска кажаа дека до нив има стигнато и пријава на злоупотреба на службена положба односно користење на службено гориво во приватни автомобили, а членовите на комисијата упатуваат и на тоа што постојано има скриен начин на водење предизборна кампања. Сепак се жалат дека за тоа нема санкции.

До Државната комисија за спречување на корупцијата на три дена од почетокот на изборната кампања за претстојните локални избори пристигнале 21 пријава за евентуални злоупотреби на Изборниот законик и прекршување на изборните правила.

Девет од пријавите се за општини, шест пријави се за незаконско постапување на одговорни лица во училиштата и пет пријави за можни злоупотреби во државни институции. Една од пријавите е и за предвремениот старт на изборната кампања, пред официјалниот почеток, информираат од антикорупциска.

Слични содржини