Антикорупциска: Мерко треба кривично да одговара

од Берта Китинска

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко треба кривично да одговара за финансиски малверзации потврдени во нивната истрага но и од државната ревизија, смета Антикорупциската комисија.

Да се гони кривично, според нив треба и претседателот на Кривичниот суд во Струга кој лично дозволил буџетот на Општината да изнесува 50 милиони денари иако таа беше една од најзадолжените.

На денешната седница Државната комисија за спречување на корупцијата реши да ја запре постапката за акумулација на функции против Нефи Усеини, бидејќи во меѓувреме тој се повлече од советничката позиција во Општина Охрид.

Слични содржини