Антикорупциска: Пристигнати 21 пријава за прекршување на Изборниот законик

од Nikola Popovski

Антикорупциска го следи целиот изборен процес и во случаи на основи на сомневање за прекршување на законите презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активнсоти во рамки на нивните надлежности, објави денеска на прес-конференција, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Според антикорупционерите, досега во оваа Комисија се пристигнати 21 пријава за прекршувања на изборниот законик, од кои 9 се однесуваат на активности преземани од општините, 6 пријави за незаконско постапување на одговорни лица во училишта и 5 за други државни институции.

-Не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од буџетот или од јавни фондови или претпријатија што располагаат со државен капитал и тоа како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности како училишта и градинки, изјави Ивановска.

Пријавите се разгледани, подвлече Катица Николовска од Антикорупциската комисија.

-Една е упатена на надлежно постапување на ДИК и е за активности пред зпаочнување на изборната кампања. Една е отфрлена, а за друга за случај на мобинг ДКСК нема надлежнсот да постапува. За другите пријави се испратени барања до институциите кои се прозвани да се приберат информации за посочените наводи. Организаторите на изборните кампањаи до ДКСК можат да достават приговор за повреда на законите, по што ДКСК е должна да постапи во рок од пет дена и се уште немаме такви поднесени пријави, но семе подготвени, истакна Николовска.

Таа рече дека кампањите највеќе се водат преку социјалните мрежи и на интернет воопшто, па Антикорупциска може точно да види што и како се случило, но санкциите зависат од самиот закон.

-За кривични санкции ако упатите тоа ќе трае со години додека се процесуира во судовите. Имаме непрактични законски решенија, но најголем проблем е што самите не ги почитуваме, истакна Николовска.

 

 

Слични содржини