Aнтиваксери поставија бесилки под прозорците на политичарите

од Milan1

И покрај најавата за ублажување на некои ковид-мерки, чешките антиваксери стануваат се поагресивни, а со претходни закани и вербални напади врз дел од епидемиолозите, минатата недела донесоа бесилка за пратениците на демонстрациите под прозорите во Собранието.

Ваква бесилка со јамка пред својата куќа во саботата навечер откри претседателот на Моравско-шлезискиот регион Иво Вондрак од владејачката конзервативна Граѓанско-демократска партија, објавија чешките медиуми.

„Тоа го има се повеќе и ваквата ситуација го следи развојот со Ковид-19. Тука се појавија поделби против вакцинирањето како и против другите ковид-мерки. Мислам дека тоа има врска со усвојувањето на законот за пандемијата во парламентот во вторникот“, изјави Вондрак, кој го пријавил инцидентот во полиција

Антиваксерите кои се претставуваат како борци за слобода и ги етикетираат епидемиолозите, лекарите и политичарите кои водат кампања за вакцинација како предавници на татковината, досега протестираа против заклучувањето и поттикнувањето на вакцинацијата.

На синоќешните демонстрации во Прага и на маршот низ центарот на градот каде се собраа околу 6.000 антиваксери, сепак тие побараа целосно укинување на сите ковид-мерки, побараа да се укине се, па дури и носење заштитна маска, бидејќи тие наводно ги загрозуваат нивните човекови права и слободи.

Инаку од почетокот на пандемијата во Чешка, над три милиони луѓе се заразени со коронавирусот, а 37.209 починале.

Слични содржини