Антиваксери упаднале во зградата на РТВ Словенија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Група негирачи на постоењето на коронавирус и антиваксери упаднаа синоќа во студиото на РТВ Словенија и направија хаос. Вербално ги навредуваа новинарите и им се закануваа.
Пред зградата на РТВ на улицата Колодворска во Љубљана, група луѓе кои веруваат дека коронавирусот воопшто не постои протестираат секој ден. Синоќа околу 20 часот провалиле во просториите на РТВ, поточно студиото во кое се снима „Дневник“.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и постојано ги повикувала да го напуштат студиото или зградата. Тие не сакале да ги слушаат нивните повици.

Новинарката на РТВ, Барбара Видмајер, на својот Фејсбук профил објави видео од упадот во студиото.

Како што рече таа за Н1, негирачите на коронавирус влегле преку фоајето на зградата. Оделе по ходниците до студијата на ТВ Словенија.

Бидејќи тие не сакале да го напуштат студиото и покрај повеќекратните повици, полицијата морала да ги одвлече.

Слични содржини