Возачот на Мерцедес Ф1, Кими Антонели, доби одличен болид на подарок, но нема да може да го вози три години.
Откако Луис Хамилтон се пресели во Ферари, Мерцедес му го довери неговото место на младиот Кими Антонели, кој веќе покажа голем потенцијал во првата сезона. Тој освои поени на првите три трки од сезоната, а од работодавците на подарок доби Mercedes-AMG GT 63 S Coupe, кој му беше врачен пред трката во Јапонија.
Осумнаесетгодишниот Антонели стана најмладиот возач во историјата кој возел Формула 1 болид на патеката Сузука, а со 30 освоени бодови моментално е петти во поредокот на возачи, само едно место зад неговиот многу поискусен тимски колега Џорџ Расел.
Сепак, и покрај импресивните перформанси во Формула 1, Антонели нема да може да го вози својот нов спортски автомобил на јавни патишта подолг временски период, поради фактот што го положи возачкиот испит во јануари и што, според новиот закон во Италија, кој стапува на сила на 14 декември 2024 година, тој не може да вози автомобил со повеќе од 100 КС во следните три години. Неговиот нов автомобил е придвижуван од 4,0-литарски V8 битурбо мотор, кој развива 639 КС и 900 Nm.
Иако звучи апсурдно, законот е закон.