Анжеј Дуда реизбран за претседател на Полска

од Vladimir Zorba

Анжеј Дуда е реизбран за претседател на Полска, според излезните анкети на „Ипсос“.

Според истражувањето, во вториот круг од претседателските избори, кандидатот на владејачката партија „Закон и правда“ победи со 50,4 проценти од гласовите.

Дуда го совлада својот противкандидат од „Граѓанската платформа“, Рафал Тржашковски, за само 1 процент.

На изборите излегоа 68,9 проценти од гласачите.

Поради пандемијата на коронавирус, гласањето се одвиваше со примена на строги превентивни мерки, според АП, потсетувајќи дека во Полска се регистрирани повеќе од 37.000 случаи на заразени со тој вирус и дека од Ковид-19 починале скоро 1.600 луѓе.

Слични содржини