Анзур: Хемиското оружје како изговор на Западот за напад врз Сирија

од Vladimir Zorba

  Заменик претседателот на сирискиот на Парламентот, Најдат Анзур денеска изјави оти верува дека западните земји би можеле да го искористат хемиското оружје како изговор за повторно да извршат воздушни напади врз неговата држава.

Тој наведе дека западните земји сакаат да продолжат сириските мировни преговори во Женева под услови кои подразбираат нов устав, одржување на претседателски избори и формирање на влада со учество на вооружените опозициски групи.

– Таквите услови за продолжување на мировните преговори се неприфатливи и невозможни, посочи Анзур.

Врз Сирија синоќа САД, Велика Британија и Франција истрелаа повеќе од сто ракети како одговор на наводниот минатонеделен напад со хемиско оружје во Дума, при што загинаа најмалку 40 луѓе.

Слични содржини